Развојно туристичка зона и урбанизација на Студенчишкото блато, наместо реализација на проектот „Заштити го блатото сочувај го златото“, предупредуваат охридските социјал демократи. Портпаролот на ОО на СДСМ Александар Кузески истакна дека ништо од она, што било усвоено и потврдено од релевантните лица и институции, за Студенчишкото блато не важело. Важеле инструкциите, добиени од власта на ДПМНЕ, според кои локалната самоуправа треба да изврши ревизија на зоната на строга заштита.„Сега дознаваме дека студијата не важи, дека одлуката на охридските советници од пред две години не важи и дека…
Реконструкција на улици, канализациона, водоводна мрежа, естетско уредување на урбаната заедница „Горна Влашка Маала“. Ова се само дел од ветувањата кои граѓаните на оваа урбана заедница ги добија на средбата со градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Димитар Спасески, стручни служби од локалната како и претставниците на јавните претпријатија од градов.
Претседателот на оваа заедница, Томислав-Трпе Голејшки вели дека за дел од нивните барања добиле ветување дека ќе се реализираат во најкраток можен рок.„Мислам дека градоначалникот потенцира дека прво ќе почне со реконструкција на глав…
Културно-информативниот центар „Култура 365“ денеска трета година по ред го одбележа роденденот на холандскиот новинар, писател, патеписец и вљубеник во Охрид и Македонија А. ден Долард. За неговиот животен пат и она што го оставил зад себе пред присутните зборуваше писателот Мишо Јузмески. Тој истакна дека Долард е истакнат по тоа што повеќе децении од својот живот потрошил работејќи на промоцијата на Охрид и Македонија меѓу холанѓаните.„Неговата активност или поточно кажано Охрид и Македонија како тема во неговото пишување се присутни од триесеттите години на минатиот век до речиси послед…
Општинската организација на Црвен крст Охрид денеска ќе ја организира редовната крводарителска акција во соработка со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
Истата ќе се одржи во просториите на Службата за трансфузиона медицина во Охрид со цел да се обезбедат крвни единици кои се потрeбни во овој период.
– Почитувани средношколци, Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме хуманоста на дело, да даруваме крв за оние на кои им е најпотребна. Сите заинтересирани средношколци треба да ги исполнуваат следните услови, а воедно да носат документ за лична идентификација (лична карта/пасош): да се на возраст на…
Дефект во системот за топловодно греење ги одложи предавањата на студентите на ФТУ Охрид до 14 февруари. Деканот на факултетот проф Сашо Коруноски признава дека во неколку наврати овој систем откажувал. Проблемот според него настанал поради претходно несоодветно изведени интервенции врз него, бидејќи овој систем бил заеднички и на факултетот и на средното угостителско училиште.„Решението беше врз основа на предлозите беше направен технички елаборат за делење на системите и сега се интервенира на тој дел. Тоа е еден пообемен зафат кој што значи неможност за загревање на овие простории во ро…
По повод патрониот празник во училиштето „Григор Прличев“ денес за прв пат се одржа отворен час. Родителите, учениците и останатите заинтересирани имаа можност да присуствуваат на овој час и да видат што практично учат нивните деца. Отворен час се одржа по повеќе предмети. Роботиката која е дел од предметот технички науки предизвика голем интерес кај учениците. Секцијата по роботика постои веќе четири години. Ја посетуваат ученици од шесто до осмо одделение. Тука можат да ја покажат својата креативност. Денес оние од повисоките одделенија им беа ментори на помалите, вели наставничката Цвета…
За прв пат општина Охрид издаде брошура за сите оние инвеститори кои сакаат да вложат во нашиот град. Овај потег на Локалната секако е за поздравување, но во првото издание на брошурата можат да се воочат голем број недостатоци пред се од технички карактер како и нелекторирани делови што ги збунуваат сите оние кои подетално ќе ја проучат. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостоловски вели дека кој работи тој и греши.Јас сум свесен дека има некои технички недостатоци но во наредното издание ќе се потрудиме да ги отстраниме. Но важно е што се испочитувани оние основни барања на инвеститорите, вел…
Проблемот со недостиг на одделенски наставник во подрачното училиште “Григор Прличев“ во село Рача е надминат и решен согласно сите законски прописи и норми.Од 1-ви февруари годинава по претходно добиена согласност од Министерството за образование, со работа почна одделенски наставник за учениците од прво одделение. Со тоа се надмина потребата од комбинирана паралелка во ова подрачно училиште. Проблемот беше создаден во учебната 2012/2013 година, кога е формирана една паралелка повеќе, без притоа да се запазат законските норми и принципите за функционирање на образовниот сиситем на локалн…