Фев 20, 2014

Максуд Али обвинува незаконски спроведен процесот за полагање на стручниот испит

Максуд Али, кандидат за државен службеник обвинува  дека процесот за полагање на државни служеници во охридската  Локална самоуправа протекол со низа незаконитости  и притисоци. За прашањата во стручниот испит вели дека се спротивни на законските и подзаконските акти.  Али додава дека со долгогодишно  работно искуство сега  му се ускратува правото да биде државен службеник. „ На овие години некој да ме оцени дека не сум компететен не е вистина. Јас како Максуд Али работев во Стопанска банка, бев заменик министер за финасии  и имав приватна фирма сега некој да ме етикетира е неморално и неет…

Фев 20, 2014

Асфалт ќе легне на улиците во Косел, Вапила и Сирула

Денеска отпочна асфалтирањето на уличките во Косел. Тоа е реализација на еден од двата проекти со кои Локалната самоуправа, на оглас од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, аплицираше кон крајот на месец мај минатата година. Првиот човек на општина Охрид, д-р Никола Бакрачески се пофали дека програмите се покажале како издржани и точно поради тоа и двете биле прифатени од Агенцијата. „Ова асвфалтирање ќе заземе 8 краци во село Косел со вкупна должина од 1000 метри на површина на 3000 метри квадрати. Рок на изведување на работите е еден месец. Втората програм…

Фев 20, 2014

Презентација на предлог ДУП за Варош

Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека на ден 21.02.2014 год. во 11.00 часот во Големата сала на Општина Охрид ќе се одржи Презентација на Предлог – Детален урбанистички план за Урбана заедница 1 блок 1.2 и блок 1.4 и Урбана заедница 3 дел од блок 3.4, општина Охрид предлог план 2009-2014, со тех. бр.11/03 од декември 2013 год. изработен од ДПУП „ПОЛОГПРОЕКТ -ПРО“ доо Гостивар.Планскиот опфат за ДУП за УЗ 1 блок 1.2 и блок 1.4 и УЗ 3 дел од блок 3.4 Општина Охрид е со површина од 42,76 ха и е дефиниран во следните граници:Ул.”Илинденска”, ул.”Кирил и Методиј”, ул.”Абас Емин”, бул.”…

Фев 20, 2014

Младите волонтери од Црвениот крст – Охрид во борба против алкохолизмот

Денес во просториите на Црвениот крст од охрид ќе продолжи реализацијата на обуката на малдите волонтери за штетноста од консумирање алкохол и начините за превенција на алкохолизмот особено кај малдите луѓе.Обуките ќе ги врши Г-дин Владимир Панзов, Претседател на Здружението на апстиненти „Здрав живот“ од скопје. Инаку обуките започнаа на 13-ти февруари 2014 та година, а имаат за цел да го подигнат нивото на знаења кај маладите волонтери од Црвениот крст за алкохолот како порок и зависност, кои пак своите знаења понатака ќе ги шират помеѓу своите врсници. Дел од учесниците на овие обуки, ќе…

Фев 20, 2014

Средба на Локалната со угостителите во врска поставување на урбана опрема во Охрид

Согласно  програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид на ден 20.02.2014 год. со почеток во 15: 00 часот во малата сала на општина Охрид  ќе се одржи работен состанок за поставување на урбана опрема пред угостителските објекти.Состанокот ќе има  единствена точка на дневен ред:1. 1.  Утврдување на измените на правилникот и ценовникот за поставување на урбана опрема и начинот за утврдување на површината за користење на урбаната опрема. Повеќе инофрмации во дневникот на ТВМ Телевизија во 17:00.{loadposition content9}

Апр 13, 2021

Почнува рамазанскиот пост

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 12 мај. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физич…

Фев 19, 2014

Охриѓани незадоволни од квалитетот на мобилните телефони

Охриѓани незадоволни од квалитетот на мобилните телефони. Тие во годината што измина до одделението на државниот пазарен инспекторат поднеле 94 пријави и преставки по овој однос.  Граѓаните кои ги анкетиравме за среќа немале некое поголемо лошо искуство со ваква неквалитетна стока.Граѓаните кои реагирале до пазарниот инспекторат се пожалиле и на надминувањето на работното време во некои кафулиња низ градов, на неиздавање фискални сметки, а незадоволство покажале и на квалитетот на одредени апарати за домакинство како што се електрични шпорети, машини за перење и др.техничка стока , вели рак…

Фев 19, 2014

Талентираните ученици и студентите ги добија договорите за стипендирање

Талентираните ученици од основните и средните училишта, како и редовните студенти на државните универзитети денес ги добија своите договори за стипендирање. Градоначалникот Бакрачески потенцираше дека согласно конкурсот кој локалната го објави во Ноември минатата година, биле подготвени и критериуми според кои се бирале добитниците на стипендиите. „Беше формирана комисија составена од членови за отворање, разгледување и одлучување по пристигнатите барања за стипендии, за талентирани ученици од основните и средните училишта и за редовни студенти на државните универзитети. Вкупно пристигнаа 6…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top