Фев 25, 2014

Дел од центарот на Охрид утре без вода

Поради приклучок на главна водоводна линија, утре среда 26.02.2014 дел од централното градско подрачје ќе остане без вода. Поради приклучок на главна водоводна линија, утре,  Среда 26.02.2014 год. од 07:00 до 16:00 часот  ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците:  Димитар Влахов, Мите Богоески, дел од улицата Партизанска, Климент Охридски, Цар Самоил, Самоилова, Коста Абраш, Петар Чауле, дел од улицата Климентов Универзитет, до пресекот со Нада Филева, 11-ти Октомври, Охридска Архиепископија, долниот дел од улицата Илинденска и кеј Маршал Тито.{loadposition content9}

Фев 25, 2014

70 години од убиството на Кузман Јосифовски Питу

Денес кога се навршуваат 70 години од трагичната смрт на големиот народен херој Кузман Јосифоски Питу, за неговиот лик и дело зборуваше претседателот на ОО на СБ на општините Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески. Тој истакна дека Кузман Јосифоски Питу бил мозокот и идеологот на НОБ и многумина го споредувале со Гоце Делчев, односно она што бил Делчев за Илинденското востание, Јосифоски – Питу бил за НОБ.„Тоа е познато во есента 1941 година после почнувањето на народното востание на Mакедонија на 11 октомври, Кузман Јосифоски – Питу добива задача, западниот дел од Македонија да биде главен инстру…

Фев 25, 2014

Изборот на матичен ветеринар дава позитивни резултати

Изборот на матичен ветеринар дава позитивни резултати. Една година се спроведува законската регулатива со која сите сточари, одгледувачи  на домашни животни, рибници, живинарски фарми и пчелари мора да склучат  договор со овластено ветеринарно друштво од страна на Агенцијата за храна и ветерина, напоменува д-р Јане Атанасов ветринар од станицата  „ Прима вет“ во Трбеништа.   Сите податоци се сместени во  единствен ветеринарен информативен систем со кој е ставена под  контрола целата ситуација со одгледувачите на  домашни животни. „ Бенфитот е повеќе кратен. Сите одгледувачи се регистрирани …

Фев 25, 2014

Донација во музички инструменти за ОМУ „Методиј Патчев“ од Охрид

Денес, во основното музичко училиште „Методиј Патчев“, со почеток во 11:30 часот, градночалникот Никола Бакрачески и претставници од Фондацијата „Македонија 2025“ ќе ги донираат музичките инструменти, кои се донација на Фондацијата „Македонија 2025“.Донацијата на фондацијата „Македонија 2025“, се состои од музички инструменти во вредност од над 5300 американски долари. Средствата за музичките инструменти беа собрани на хуманитарниот концерт кој се одржа за време на Глобалниот инвестициски самит во 2013 година во црквата „Св. Софија“, во организација на фондацијата „Македонија 2025“.Повеќе и…

Фев 25, 2014

Продолжува реализацијата на проектот „Млади амбасадори на живиот свет од Охридско Езеро“

Здружението „Јадрански Слив“ и предавачите продолжуваат со спроведување на Проектот „Млади амбасадори на живиот свет од Охридско Езеро“ кој опфаќа едукација на учениците  за рибниот фонд во Охридското Езеро но и едукација за еколошката свест  и заштита.Предавањата продолжуваат во ОУ Братство во Охрид  во среда 26.02.2014 год.  во 12:30 часот. Целта е подигање на свеста на  најмладата популација како идна одбрана од сите можни еколошки предизвици во иднина. {loadposition content9}

Фев 25, 2014

И охридските животинчиња ќе си добијат матични ветеринари

Матичен ветеринар за секое животно што се наоѓа во регистарот на државата, слично на матичните лекари што ги имаат луѓето, ќе треба да си одбере секој одгледувач на животни во наредниот период.Според последните измени на Законот за ветеринарно здравство, одгледувачите имаат обврска да склучат договор со ветеринарно друштво по свој избор. Станува збор за оние што чуваат домашни животни што се наоѓаат во регистарот, како што се говедата, овците или козите, а не и за сопствениците на домашни миленици, како кучиња и мачиња.Повеќе информации во дневникот на ТВМ Телевизија во 17:00.{loadposition …

Апр 13, 2021

Teчe рокот за запишување во Регистарот на вистински сопственици

Тече законскиот рок до 27 април до кога сите правни лица треба да се запишат во Регистарот на вистински сопственици. „Вистински сопственик” е секое физичко лице кое е краен сопственик на субјектот или го контролира субјектот и/или физичко лице во чие име и за чија сметка се извршува трансакција. Поимот вклучува и физичко лице кое врши крајна и ефективна контрола над правно лице или странски правен аранжман. Целта на воведувањето на регистарот е зголемување на транспарентноста во сопственичката структура на правните лица во земјата и исполнување на меѓународните и ЕУ стандарди за борба со пе…

Фев 25, 2014

Хуманитарна акција со најмладите охриѓанчиња

На 26.02.2014 (среда) во 9 и 30 часот во детската градинка – објект ,,Централна‘‘ заедно со Здружение за заштита, помош и унапредување на статусот на маргинализирани групи граѓани ГРАДИМЕ ИДНИНА ќе се спроведе Хуманитарната акција во прибирање на користена непотребна и порасната облека, играчки, обувки, бебешка опрема и др. Облеката, пред се ќе се користи за потребите на децата сместени во детските домови, домот за доенчиња и мали деца во Битола, интернатите во кои се згрижени деца со социјален ризик и згрижувачки семејства низ Репиблика Македонија, како и за социјално ранливите категории г…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top