Јасно е дека за СДСМ поимот отчетно работење нема никакво значење, а ниту тие некогаш ќе можат да препознаат реализација на активности, Проекти и Програми во нечие работење, се вели во реакцијата од Општина Охрид на изнесеното на денешната прес конференција на ОО на СДСМ.„Очигледно дека филозофско-марксистичката политичка психологија на оваа партија не распознава одговорност во работењето. А и за какова одговорост би можеле да зборуваат во СДСМ, кога најзначајниот проект кој го спроведоа во својот 8 годишен мандат во управување со Охрид, беше реализацијата на финасискиот пустош кој го ост…
Охридските социјал-демократи на прес конференција го обвинија градоначалникот Никола Бакрачески дека проектите кои ги прикажал во брошурата како дел од отчетот за досега сработеното, се всушност проекти на претходната локална власт. Од општинската организација на СДСМ велат дека граѓаните во неговиот отчет сакаат да слушнат што е конкретно сработено, а не какви се плановите за иднината.„Еве господине Бакрачески, ние ќе Ве потсетиме што е тоа што го ветивте, а што навистина сте оствариле: Велите: „Затворен зелен пазар со шопинг-центар, улично осветлување со лед-технологија и затворен олимпис…
Документарниот филм на охриѓанецот, Илија Пиперкоски, „Охридското востание“, во понеделник ќе ја доживее својата телевизиска премиера. Овој филм на охридскиот режисер го обработува малку познатото, дури може да се каже и историски скриеното Охридско востание дигнато со заеднички македонско-албански сили, а против тогаш окупаторските српски сили . За работата на овој документарец, Пиперкоски вели дека било вистинска чест и задоволство, па дури и судбина бидејќи тој како охриѓанец добил можност да открие историски заборавени факти за еден бунт кој се случува во Македонија веднаш по потпишувањ…
Презентирањето на убавините на Охрид, побуди огромен интерес кај српските новинари и претставници на туристички агенции на вечерта посветена на промовирање на македонската туристичка понуда на 36от туристички саем во Белград. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески од Белград за телевизија ТВМ потенцираше дека токму овој саем зазема исклучително значајно место во стратегијата за развој на туризмот, но и привлекувањето и враќањето на српските туристи на охридската ривиера.„Од оваа година организиравме сосема поинаков пристап во нашата стратегија за учество на саемите за туризам со кои…
Во регионов се забележува опаѓање на хронично незаразните заболувања регистрирани кај матичните лекари. Во помал број лекарска помош во амбулантите побарале граѓаните во Охрид, Струга, Дебар, Вевчани, Дебрца и Центар Жупа. Од друга страна, пак, се бележи стапка на зголемување на хоспитализирани охриѓани и дебрчани од кардиоваскуларни, малигни и ендокрини болести. Ова се дел од статистичките податоци на одделението за социјална медицина од Центарот за јавно здравје, за минатата година споредени со 2019, информира д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје.
„Ана…
Поликлиничкиот центар Стоматологија Д-р Јолевски претставува една успешна охридска приказна. Денес со пригодна свеченост овој центар одбележа 25 годишен јубилеј. Во текот на целиот период успеавме да се промовираме како една врвна медицинска установа во Охрид, вели д-р Љубе Јолевски, сопственикот на Поликлиничкиот центар.„Денес одбележуваме 25 години од основањето на нашата стоматолошка ординација која ја основаа моите родители на 01 март 1989 година и отогаш пополека и континуирано се прошируваме. Денес ординацијата брои 8 вработени од кои 4 се доктори и 4 сестри ги следиме најновите техн…
Очекуваме реални политички теми на прес конференциите на охридските социјалдемократи, се огласија денес од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Дејан Паноски рече дека во предизборието нормално е СДСМ да покажат дека постојат, но барем тоа да го направат со издржани пресови.„Имено, очекувавме а и натаму очекуваме на пример да свикаат прес и да кажат како тие го раководеа Охрид во периодот 2005-2013 година, кои резултати во тоа безмалку десетлетие ги постигнаа, колку на број добри дела направија за Охрид, колку објекти од јавен интерес изградија, колкава добивка во работата на јавните претпријатија на локалн…
Општинската организација на СДСМ, со осврт на брошурата изработена од локалната за отчетот на градоначалникот Бакрачески. Според СДСМ, таа содржи проекти кои биле најавувани уште од претходната власт, а кои градоначалникот Бакрачески во брошурата ги прикажал како свои. Од СДСМ велат дека за локалната самоуправа стрелката на влезот на градот, помошта за станарите од опожарените згради и хортикултурното уредување на градот се проекти кои вреди да се споменат. Според СДСМ сите овие споменати зафати се всушност секојдневни работни задачи на општината и јавните претпријатија. Повеќе детали од де…