Критериумите за добивање лиценца за туристички водич се заоструваат. Ова го бараа туристичките водичи кои егзистираат исклучиво од оваа дејност. Измените во Правилникот за полагање и стекнување лиценца за работа досега беа пропратени со низа слабости. Професијата туристички водич на некои не им беше приоритетна туку дополнителна заработка и многумина од нив беa пасивни, вели претседателот на охридското здружение на туристички водичи и придружници „Кеј“, Климент Наумов. Кандидатите кои имаат сериозни намери квалитено да се посветат на оваа дејност сега ќе се пријавуваат само два пати го…
ЈП „Градски Пазар –Охрид“, нуди одлична можност за соработка и отпочнување на успешен бизнис со неповторливо поволна понуда за закуп на тезги на атрактивни локации.Сите заинтересирани ќе можат да закупат тезги за продажба на:-земјоделски производи-занаетчиски производи-текстилни производи-бижутеријаЗаiteresiranite подетални информации можат да добијат во канцелариите на ЈП „Градски пазар“ на Бул.Туристичка 79 или на телефон 046 266 600.{loadposition content9}
Во периодот од 01.01.2021 до 31.03.2021 година, Оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, регистрира рекордни 27 повици, од кои во 22 наврати интервениравме на терен, а во 5 само со совети преку телефон.
Покрај големиот број повици, нетипична беше и појавата во еден ден да имаме по два повици, како и природата на интервенциите, од кои една интервенција со сериозни повреди, една интервенција за достава на храна и лекови на бачило оддалечено 3 км од село Свињишта, две асистенции за извлекување на беспилотни летала заглавени на дрво, 17 асистенции врз заглавен…
Меѓународниот празник на жената 8-ми март, Интернационалниот клуб Сороптимист од Струга и Струшките вечери на поезијата ќе го одбележат на малку поинаков начин – интелектуален. Наместо да прославуваат по ресторани, тие ќе дебатираат.Темата со која Интернационалниот клуб Сороптимист од Струга и Струшките вечери на поезијата ќе го одбележат интернационалниот празник 8-ми март е „Жената, книжевник“. На дебатата учество ќе земат Еди Ќела, асистент на Европски колеџ, Никола Кукунеш професор во колеџот Јахја Кемал и Мерсиха Исмајлоска, асистент на Универзитетот Св.апостол Павле.Тие ќе дебатираат…
„ПРЕВЕНТИВАТА СПАСУВА ЖИВОТ“ на 5ти март од 18:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид ЈАВНА ТРИБИНА на тема „Превенција на колoректален карцином“ ќе зборува Д-р Димитар Арнаудов. Ракот е епидемија на нашето време или како што многумина го нарекуваат болест на цивилизацијата. Секоја година во светот заболуваат над 12 милиони луѓе од некој вид на рак и 7,6 милиони умираат како последица на болеста. Во РМ секоја година се откриваат околу 6000 нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се застрашувачки и алармантни. {loadposition content9}
Основното училиште „ Христо Узунов“ и оваа година, во месец јуни, ќе учествува на Академијата во Хантсвил- Алабама (US Space & Rocket Center) во седиштето на НАСА. Тема на академијата ќе биде „Поттикнување на младите да ги изучуваат техничките струки и изучување на предметите по природни науки“.За прв пат училиштето, на академијата беше претставено во 2011 години од страна на актуелниот директор, м- р Тони Симоновски, кога учествуваа 143 држави од целиот свет, а при тоа Симоновски се здоби со сертификат за предавач за положената Академија. {loadposition content9}
Учениците од ОСУ,,Св.Климент Охридски“, Јана Василеска, Ивана Мирчевска и Адриан Димитријески, под менторство на професорката по англиски јазик, Даниела Спироска, учествуваа на четвртата национална симулацијата МЕП (Модел Европски Парламент), која се одржа во организација на средното училиште НОВА во Скопје, на крајот на овој месец. Охридските ученици ја претставуваа Португалија како земја членка на ЕУ.Во оваа тридневна симулација учениците имаа можност да ги покажат своите способности за дебатирање, тимска работа ,но и своите предзнаења за ЕУ, нејзините институции и како таа функциони…
Црквата „Св.Климент Охридски“ во охридското село Климештани мета на засега непознат сторител, кој според кажување на член на црковниот одбор извршил тешка кражба и однел односно против-правно присвоил седум икони, еден сребрен крст и 600 денари. Тешката кражба во црквата е извршена во периодот од 17 часот на ден 28-ми февруари до втори март оваа година. Во црквата „Св.Климент Охридски“ во селото Климештани влезено е откако претходно насилно и со подесен алат скршени се двата цилиндри од бравите на влезната врата и помошната просторија. Сторителот, потоа се упатил во внатрешноста на цркват…