Претседателот Ѓорге Иванов вчера во летна резиденција во Охрид, ги примил акредитивните писма на новоименуваниот украински амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук, соопштуваат од кабинетот на претседателот.

На средбата Иванов изразил задоволство од високото ниво на соработка меѓу двете земји, и од добрите општи односи. Тој се заложи за натамошно продлабочување на економската размена меѓу двете држави оценувајќи дека се работи за економии кои меѓусебно се надополнуваат, а кои дополнително може да ја развиваат соработката во областа на земјоделството и туризмот и промоцијата на верските и културните знаменитости.
Претседателот Иванов подвлече дека двете земји спроведуваат сериозни реформи и минале голем пат кон полноправно членство во НАТО и во Европската Унија.
Од своја страна амбасадорот Гончарук ги потенцирал договорите потпишани меѓу двете земји, кои овозможуваат слободна трговска размена и Договорот за пријателство и соработка. Совпаѓањето на приоритетите на двете земји, за членство во НАТО и во Европската Унија, Гончарук го оцени како дополнителен стимул за дијалог меѓу двете земји.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град