Зголемен бројот на патници на македонските аеродроми

Bо текот на октомври 2014 година е забележан пораст на бројот на патници на аеродромите во Република Македонија од почетокот на годинава, информираат од Министерството за транспорт и врски.

aerodrom
аеродром

Bо текот на октомври 2014 година е забележан пораст на бројот на патници на аеродромите во Република Македонија од почетокот на годинава, информираат од Министерството за транспорт и врски.

патнициОд почетокот на годинава до сега на двата аеродрома заедно се регистрирани вкупно 1.098.636 патници, што е зголемување од 18.1% во однос на минатата година.

Во октомври на аеродромите имало 109.811 патници, што претставува пораст на бројот на патници за 19.8% во однос на истиот месец минатата година, при што на скопскиот аеродром ,,Александар Велики” е регистриран пораст од 21.1%, односно 107.668 патници.

Според застапеноста на дестинациите по број на патници, најголемиот дел од патниците, односно 15.8% патувале за Истанбул, 8.4% за Виена, 7.9% за Цирих, 5.7% за Лондон, 5.7% за Базел, 5.6% за Малме и 5.2% за Белград.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top