За еден месец почнува скринингот за рано откривање на рак на грлото на матката. Околу 100.000 припаднички на понежниот пол на возраст од 24 до 35 години ќе добијат покана од матичните гинеколози да отидат на бесплатен преглед.
„Ова е најкритичната возраст и затоа почнуваме со нив. Понатаму ќе бидат опфатени и другите возрасти“, рече заменик министерот за здравство Јовица Андоновски.
Од минатата година со пилот проектот во четири градови се утврдило дека од околу 20.000 поканети жени,а на преглед се јавиле околу 6.000 жени.
„Доволно е кај 5-6 да е пронајден карцином во почетна фаза, тоа е спасени 6 животи“, изјави Јованка Костовска од министерството за здравство.
Следната година ќе се контролираат жените од 35 до 51 година, а во 2014 со скринингот ќе биде опфатена женската популација од 51 до 61 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град