Збогум на старите лични карти и пасоши

Од денес, 27.02.2012 година, не важат повеќе старите лични карти и пасоши.

 |   | 
biometriski
биометриски

biometriskiОд денес, 27.02.2012 година, не важат повеќе старите лични карти и пасоши. Според информации од МВР досега се извадени 1 милион и 400 илјади биометриски лични карти и  1 милион и 450 илјади биометриски пасоши.

Иако рокот помина стотици граѓани сеуште немаат нови документи, но по проценките повеќето се во странство и се очекува од нив подоцна да го сторат тоа. Тие кои не извадиле нова лична карта или пасош нема да можат да си ги завршат своите обврски таму каде што треба, или нема да можат да ја напуштат земјата без нов биометриски пасош.

Нема да имаат проблем да влезат во Македонија, но може да имаат проблем да тргнат од земјата каде што се па треба да се консултираат во тамошните конзуларни одделенија, рече Иво Котевски портпарол на МВР.

Од МВР велат преземале мерки за да им излезат во пресрет на граѓаните, и дека нема да ги казнуваат оние кои имаат подадено барање.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top