Затворени избирачките места

Местата на кои граѓаните на Република Македонија можеа да гласаат на парламентарните избори се затворени во 19.00 часот.

 |   | 
izbori
избори

izboriМестата на кои граѓаните на Република Македонија можеа да гласаат на парламентарните избори се затворени во 19.00 часот.

По затворањето на гласачките места можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Во трката за 123 пратенички места во македонското Собрание беа  1.679 кандидати предложени од 16 партии и две коалиции. За нив на 2.976 гласачки места можеа да се определат 1.821.122 граѓани со право на глас евидентирани во Избирачкиот список.

Според последните податоци што ги објави ДИК, одѕивот до 17 часот е 53,86 отсто односно на гласање излегле 928.983 граѓани. Овие информации се врз основа на обработени податоци од 2.775 избирачки места од вкупно 2.967 во земјата заклучно до 17 часот.

Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно по нивниот прием. Првичните резултати добиени врз основа на податоците од записниците на општинските изборни комисии ги објавува 12 часа по завршувањето на гласањето, а конечните во рок од 24 часа по нивната конечност

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top