Главните сообраќајници во Куманово од ноќеска се блокирани за сообраќај.
Главните сообраќајници во Куманово од ноќеска се блокирани за сообраќај. Забележливо е зголемено полициско присуство на улиците „11 Октомври„ и „Тодор Велков“ во центарот на Куманово, пренесува„Телма“.
Во текот на ноќта пред истекот на работното време биле затворени угоистителските објекти и кафулињата, а на луѓето им било кажано од страна на полицијата да си заминат дома без при тоа да им дадат некое образложение.
Според информациите на репортерот на „Телма“ Павле Беловски полицијата ги обезбедува зградите на полицијата и на општината. Во овој дел од градот лоцирани се повеќе клучни објекти, државни и локални институции и установи.
Портпатролот на МВР Иво Котевски во разговор за Телма вели дека се преземаат мерки за безбедност во Куманово.
Жителите на Куманово се вознемирени, а општинските влсти веќе презедоа мерки за безбедност, односно воведени се скратени часови во училиштата.
А институциите работат со полно работно време. Како што информира репортерот на Телма, Беловски забележително е движењето на граѓаните бидејќи денеска е пазарен ден во Куманово.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град