Започнува извлекувањето на „Илинден“ од Охридското Езеро

Група нуркачи од сплитската фирма „Дубина“ специјализирана за подводни активности, денеска ќе пристигнат на местото на потонувањето на бродот „Илинден“ и ќе започнат со инсталација на опремата за негово извлекување на брегот.

Ilinden
Илинден

Група нуркачи од сплитската фирма „Дубина“ специјализирана за подводни активности, денеска ќе пристигнат на местото на потонувањето на бродот „Илинден“ и ќе започнат со инсталација на опремата за негово извлекување на брегот.

IlindenАктивностите ќе стартуваат со испитување на теренот, како и со подводно снимање на трупот на потонатиот брод со посебни ултра-звучни апарати.

Иако „Илинден“ се наоѓа на само 6 до 7 метри длабочина и на неколку стотини метри од брегот, сепак активностите на извлекувањето од водите на Охридското Езеро ќе се одвиваат во неколку фази, а самиот процес не се очекува да заврши за еден ден.
Експертите вклучени во Комисијата што ги испитува причините за потонувањето на „Илинден“ инсистираа активностите на извлекувањето на бродот да го спроведува специјализирана фирма, со цел да не дојде до какво било оштетување на бродот што би и наштетило на истрагата.
Бродот „Илинден“ потона на 5 септември, кај Авто-кампот „Елешец“, при што со себе однесе 15 животи. Сите жртви беа туристи од соседна Бугарија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top