Започнаа уписите за додипломски студии на Високата школа за новинарство и односи со јавност

Студентите имаат можност да запишат една од двете студиски програми, новинарство или односи со јавноста и корпоративни комуникации.

 |  Мишел Наумоски  | 
mim
мим

Високата школа за новинарство и односи со јавност се подготвува за новата студиска година. Започнаа уписите во оваа образовна институција, па ако имате љубопитна природа или пак ве красат организациски и комуникациски способности, тогаш може и да се обидете да станете дел од неа.

visoka skola mediumiВисоката школа нуди две додипломски студиски програми и тоа новинарство и односи со јавноста и корпоративни комуникации. Раководителот на наставната програма за новинарство на Високата школа, Александра Теменугова, вели дека тие нудат еден многу важен аспект од стручната подготовка на студентите.

„Кога говориме за додипломските студии би ја издвоила онаа основна секвенца по која што е позната високата школа, а тоа е практично ориентираната работа на која што ги едуцираме нашите идни академски граѓани. Наставната програма се одвива со интензивна работа на терен, практично ориентирана работа, односно учење според методот learning by doing односно учење низ работа.“-рече Александра Теменугова, раководител на наставната програма по новинарство.

Temenugova MIMЗа идните студенти еве колку слободни места нуди  Високата школа за новинарство и односи со јавност.

„На додипломските студии се запишуваат вкупно 50 студенти од кои 30 на односи со јавноста, а 20 студенти на новинарство, бидејќи излегува дека односите со јавноста иако е млада, сепак е мошне интересна професија и е мошне барана и она што нас не плени е она што веќе дипломираните студенти, речиси сите од нив, веќе работат и се дел од тимовите на многу агенции за односи со јавност, маркетинг агенции, компании кои вршат разни истражувања на пазарот, публиката.“-вели Теменугова.

Потврда за можностите кои ги нуди високата школа за новинарство и односи со јавност пак даваат голем број студенти кои веќе студираат во оваа образовна институција.

MIM„Студирањето овде ги зајакна моите комуникациски и презентациски вештини. Токму овие вештини се од исклучително значење во кариерата на еден професионалец за односи со јавност.“

„Стипендијата ја добив на конкурсот „Изрази се преку медиумите и таа ми овозможува да одам на пракса додека студирам, но и да го продолжам мојот професионален ангажман по завршувањето на студиите.“

„Како дел од меѓународната соработка на високата школа, имав можност да студирам еден семестар на еден од најдобрите универзитети во Холандија. Покрај интернационалниот студентски живот, споделувањето на различни култури и јазици, имав можност и да учам од многу светски докажани професори и да соработувам на многу проекти со европски брендови и компании.“

„Трета година студент на високата школа за новинарство и односи со јавност и веќе почнав активно да работам во Дневник. Практичната работа на високата школа ми овозможи подобро да се снајдам во условите во кои функционира една редакција.“-велат студентите.

Инаку Високата школа нуди и можности за постдипломски студии на кои студентите можат да студираат менаџирање на медиуми и мултимедија односно менаџирање на стратегиски комуникации. Како стручни соработници на факултетот за јавуваат и  врвни стучњаци од универзитети од Холандија, Данска и Словенија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top