Експертската комисија денеска треба да го почне вештачењето на потонатиот брод „Илинден”, со што ќе се комплетира истрагата за несреќата во која животот го загубија15 бугарски државјани.
Започна вештачењето на бродот Илинден. Експертите од Машинскиот факултет од Македонија, рано утрово, се зафатија со работа,додека стручните лица од Хрватска и Словенија не допатуваа во Охрид.
Во каналот Студенчишта, започна вештачењето на бродот „Илинден“. Експертите од Македонија од машинскиот факултет, рано утрово се зафатија со работа, додека, стручните лица од Хрватска и Словенија не допатуваа во Охрид.
Тие ќе се приклучат во вештачењето во подоцнежната фаза. Истрагата треба да ги утврди причините кои доведоа до големата несреќа во која загинаа 15 бугарски туристи. Вештаците денеска вршеа премер и фотографираа одредени делови од бродот „Илинден“. Според најавите целата постапката околу финалното вештачење ќе трае неколку дена.
Истражниот судија од основниот суд во Охрид, кој го води случајот, на 7 октомври на експертите им го достави целосниот извештај од истаргата, кој треба да им помогне во експертизата.
Инаку Бродот „Илинден“ на 5-ти септември потона во водите на Охридското Езеро во близина на авто кампот Елешец. Во несреќата се удавија 15 патници, а повеќе од 40 беа спасени. Единствен осомничен за несреќата засега е капетанот на бродот, Сотир Филески, а од вештачењето ќе зависи дали истрагата евентуално ќе биде проширена и на други лица.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град