Започна штрајкот на новинарите од BBC

Новинарите од британскиот јавен сервис Би-Би-Си ноќеска на полноќ почнаа 24-часовен штрајк поради планот за масовно отпуштање на работници.

novinar
новинар

Новинарите од британскиот јавен сервис Би-Би-Си ноќеска на полноќ почнаа 24-часовен штрајк поради планот за масовно отпуштање на работници.

Штрајкувачите одговорија на повикот на Националното здружение на новинари, откако пропаднаа преговорите за преквалификација на 30 вработени, на кои сега им се заканува отказ.

Од 2004 година во Би-Би-Си бројот на работни места е намален за 7.000, а до 2017 се планира укинување на уште 2.000 работни позиции.

Членовите на Националното здружение на новинари реагираат со цел да се задржат работните позиции и квалитетот на јавниот сервис, изјави генералната секретарка на Здружението Мишел Стенистрит.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top