Државната Изборна Комисија го заклучи избирачкиот список за претседателските избори, пренесува „Алфа“.
За изборите за шеф на државата право на глас имаат 1.779.552 избирачи. Од нив 1.707.828 се регистрирани во Македонија, а од дијаспората за гласање се пријавени 8332 лица.
Останатите македонски иселеници со право на глас, околу 62 000 бидејќи не пополниле пријава за гласање во странство, се префрлаат во посебен дел од избирачкиот список во Македонија. Најголем дел од иселениците, 5892 ќе гласаат во 7 – та изборна единица во Европа, 1426 во осмата ИЕ Америка и 1014 во деветтата изборна единица во Австралија и Азија. 40 македонски државјани со престој или привремена работа во странство нема да можат да гласаат. Пријава за гласање поднеле и 61 лице, македонски иселеници кои не се во избирачкиот список, а ги исполнуваат условите за гласање. Ден порано ќе гласаат и раселените, затворениците, членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дипломатско – конзуларните претставништва.
На 13 гласачки места во трите изборни единици во дијаспората гласањето нема да се одржи бидејќи не е исполнет условот за минимум 10 гласачи. Увидот во избирачкиот список за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со вториот круг од претседателските избори на 27 Април, трае до 30 Март. Тече рокот и за пријавување на дијаспората за гласање напарламентарните избори.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град