Главниот град на Македонија, Скопје викендов беше најзагаден град во Европа, а според мерните единици во градот, многу високо загадување или неколку пати повисоки ПМ 10 честички беа измерени во Карпош, Центар, Лисиче, Тетово.

Граѓаните се жалат на здравствени проблеми, ја избираат неделата за прошетка поради малиот број на возила по скопските улици.
Затоа градските власти поради големото загадување на воздухот повеќе од 3 дена започна со една од мерките против загадувањето.
На три улици во близина на мерната единица спроти зградата на Нова Македонија се попрскаа со средство калциум магнезиум ацетат, каде по третирањето на улиците асфалтот стана лизгав, па надлежните ставиле знак со дозволена брзина од 40 километри.
Со оваа мерка се очекува средството да ја намали загаденоста на воздугот од 10 до 30%, а уште 6 цистерни ќе прскаат и по другите загадени општини во Градот.
Ќе се прска по еднаш до два пати во денот, рано сабајле кога честичките се паднати на асфалтот и само ако времето е суво.
Граѓаните останува сами да се грижат за последиците од загадувањето, да избегнуваат движење во најзагадените делови од денот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град