Задолжително поседување зимска опрема

Од 15 ноември задолжително е поседување зимска опрема во автомобилите, правило што ќе мора да се применува до 15 март, без разлика дали надворешната температура е под или над нулата, дали има снег или не.

 |   | 
zimsaka oprema
zimsaka oprema

Од 15 ноември задолжително е поседување зимска опрема во автомобилите, правило што ќе мора да се применува до 15 март, без разлика дали надворешната температура е под или над нулата, дали има снег или не.

zimsaka opremaПрвиот снег секогаш изненадува некои од возачите, а на планинските предели тешко се излегува ако немате зимски гуми или синџири за снег. Полицијата може да ви побара зимска опрема, па немојте да се чудите, особено ако се движите во такви предели.

Во овој дел од годината “стандардна опрема” во автомобилите треба да ви биде гребалка за мраз, зимски гуми или синџири, мала метличка. Но, не заборавајте да проверите дали имате ставено антифриз во возилото, проверете го нивото на масло, акумулаторот, испрскајте во бравите за отворање малку спреј за одвртување “WD” или малку намокрете ги клучевите во антифриз па ставете ги. Така ќе се ослободите од грижите за можно замрзнување. Сепак, најважно е претпазливо возење, зашто често е можно патиштата да бидат замрзнати и лизгави.

Зимски пневматици се оние кои на својата бочна страна имаат ознака: „МС“, „М+С“, „М&С“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врвови. Во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.

Што предвидуваат законите во Македонија во однос на поседување на зимска опрема за различните видови возила.

* возила до 3.500 кг

Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг се подразбира:

– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири мм;

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

* возила со погон 4х4

Како зимска опрема за моторни возилата со погон на четири тркала (4 х 4) се подразбира:

– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест мм;

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири мм, ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната оска, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената оска.

* возила над 3.500 кг

Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг, се подразбира:

– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест мм;

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од четири мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и

– прирачен алат – лопата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top