Забранет влез за Македонци на чествувањето во Рожденскиот манастир

Делегации на три македонски здруженија кои требаше да присуствуваат на одбележувањето на 95-годишнината од смртта на Јане Сандански во Рожденскиот манастир вчера беа вратени од бугарските погранични власти.

 |  Maja Савиќ  | 
cestvuvanje
чествување

Sandanski grobНа граничниот премин „Златарево“ тие биле вратени со образложение дека немаат здравствено осигурување и покана за посета на гробот на Сандански.

Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров по ова изјави дека со овој чин бугарската влада продолжува со дискриминација кон Македонците и ги нарушува добрососедските односи.

За претседателот на Сојузот на Македонците со исламска вероисповед Исмаил Бојдан, недозволувањето да ја преминат бугарската граница е со цел да им се ускрати удостојувањето на 95-годишнината од смртта на Сандански.

На одбележувањето на 95-годишнината од смртта на Сандански требаше да присуствуваат делегации од Светскиот Македонски конгрес, Сојузот на Македонците со исламска вероисповед и Организацијата на Антички Македонци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top