Забрана за тешки товарни возила без зимска опрема на Плетвар

Врнежи од снег утринава има на планинските превои Плетвар и Буково, а со помал интензитет и на Попова Шапка, Маврово и Агино-Миладиновци. Врнежи од снег има и во Прилеп, Железнец, Неготино, Демир Капија, Удово и Крушево.

 |   | 

Авто мото сојузот на Македонија информира дека на планинскиот превој Плетвар сеуште важи забраната за сообраќај за тешки товарни возила кои немаат зимска опрема.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, утринава нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top