Забрана за скутери на македонските езера

Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ со јачина поголема од 45 kw кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи од 11 до 18 часот секој ден за целата водена површина на трите езера, а е со времетраење до 20 август.

 |   | 
skuteri
skuteri

skuter na plazaКако што информираат од Министерството за транспорт и врски, забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ со јачина поголема од 45 kw кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи од 11 до 18 часот секој ден за целата водена површина на трите езера, а е со времетраење до 20 август.

Одлуката е донесена за заштита на граѓаните и сите домашни и странски посетители на езерата, односно поголема безбедност на капачите и заштита на животната средина на природните езера и не се однесува само на скутерите кои се наменети за службени потреби за вршење на инспекциски, царински и полициски надзор.

Во наведениот период, Капетанијата на пристаништата во соработка со Министерството за внатрешни работи – Езерска полиција ќе врши редовни контроли во однос на почитувањето на законските прописи, при што доколку се онстатира прекршок, прекршителите на оваа Одлука ќе бидат соодветно санкционирани, соопштуваат од ресорното министерство.

За сите граѓани кои нема да ја почитуваат одлуката пропишани се санкции, а висината на глобата што ќе треба да ја плати прекршителот изнесува од 6.000 до 8.000 евра во денарска противвредност за правни лица кои не се придржуваат до ограничувањето за пловидба, од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за трговци-поединци, а дополнително на овие глоби се изрекува и мандатна казна на лице место во износ од 600 евра во денарска противвредност.

Глобата за физички лица кои нема да го почитуваат ограничувањето за пловидба изнесува од 800 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Министерството за транспорт и врски апелира до сите граѓани да ја почитуваат одлуката со што ќе се придонесе за поголема безбедност и подобар престој на туристите кои летуваат покрај езерата во Република Македонија.

Ова ограничување на пловидбата на скутерите е согласно Одлуката на Владата на Република Македонија, која е објавена во Службен весник.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top