„Вулканот“ во Косел, предизвика балканска медиумска „ерупција“

После вестите кои ги тревожеа граѓаните во изминатиов период за земјотресите и поплавите во регионов денес осамна уште една ударна вест за можна елементарна непогода.

napis
напис

написПосле вестите кои ги тревожеа граѓаните во изминатиов период за земјотресите и поплавите во регионов денес осамна уште една ударна вест за можна елементарна непогода.

На сите медиуми во државава, а пред се на порталите, со најспектакуларни наслови се пишуваше дека се активирал вулканот Дувало во селото Косел во Охрид. Уште еднаш се потврди дека новинарството се сведе на создавање секакви сензации без претходно да се истражат работите и да се приберат вистинските информации.  

За коселскиот вулкан информираа дури и балканските медиуми кои објавија дека состојбата е алармантна. „Вулканот Дувало во охридското село Косел е единствен жив вулкан на Балканот, кој вчера попладне и синоќа исфрли голема количина на чад и направи паника во областа на Охрид“, пишува српски Вечерње Новости.

napisПорталот „Србија денес“ објави статија со наслов „Невремето активира вулкан во Македонија“.

Хрватската радио телевизија објави вест „Се активира вулканот Дувало во Македонија“. И во Босна и херцеговина се слушна за вулканот во Охрид. Радио Сараево објави дека како последица на неодамнешното невреме се активира вулкан во Македонија.

Некои велат дека веста одекнала уште подалеку па загрижени граѓани дури од Швајцарија се јавувале да прашуваат каква е состојбата со вулканот. Ова е уште еден доказ дека треба многу да се внимава што и како се објавува во етерот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top