Вработените сами ќе бараат пари за боледување од фондот

Барања за надомест на плата за боледувања до Фондот за здравствено осигурување отсега ќе може да доставуваат осигурениците сами со пополнување образец и документација која е исто така скратена.

 |   | 
fond
fond

fzomБарања за надомест на плата за боледувања до Фондот за здравствено осигурување отсега ќе може да доставуваат осигурениците сами со пополнување образец и документација која е исто така скратена.

Ова го најави директорката на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнаџиева Змејкова на денешната прес-конференција на која истакна дека во однос на новите обрасци за остварување на правата од Законот за здравствено осигурување во вкупно 11 обрасци се бараат помалку од 18 документи, односно од претходно 52 потребни документи во прилог на барањата сега се потребни 34.

– Најголемо олеснување постои во делот на остварување на правото на паричен надомест при привремена спреченост за работа. Од претходно 10 потребни документи сега се потребни само четири. Сега не се бараат потврда за просечно исплатена плата, платни списоци, решение за управител, договор за работа, бидејќи сите потребни податоци за пресметка на надоместокот на плата се добиваат по електронски пат од Управата за јавни приходи. Повеќе не се бара М1/М2 образец, туку тие податоци исто така се добиваат електронски од Агенцијата за вработување на Република Македонија, рече Парнаџиева-Змејкова.

Фондот, како што истакна, врши навремена исплата на надоместокот за боледување особено по електронското поврзување со Управата за јавни приходи.

Според неа, најголема новина е тоа што работодавците не можат повеќе да ги чуваат неподнесените барања за надомест на плата за боледувања подолг временски период, а со тоа и директно да му ги ускратуваат правата на осигуреникот, бидејќи осигуреникот може само да поднесе барање до ФЗОМ за паричен надомест при привремена спреченост за работа, а како резултат на намалената документација, односно фактот што ФЗОМ ќе ги обезбеди сите потребни документи во негово име.

Обрасците се достапни на интернет страницата на Фондот каде може осигуреникот сам да го пополни и да го достави до подрачната единица на Фондот или да го добие во подрачната единица каде, како што рече директорката, ќе има доволен број копии кои ќе бидат  без никаков паричен надомест. За олеснување на осигуреникот при пополнување на образецот од Фондот направено е и упатство за пополнување на обрасците. Таа најави дека во иднина ќе може осигуреникот и електронски да го прати образецот.  

Како новина од Фондот, за олеснување на фирмите при издавање на сините картони за нивните вработени од денеска повеќе нема да бидат потребни копии од декларации за исплатена плата од УЈП, туку само со идентификување на овластеното лице од фирмата ќе се добие услугата.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top