Волшепство кое не бледнее – Amazing Macedonia

Аудио визуелниот проект (40 минутна видео презентација во двд формат) со наслов Amazing Macedonia – Волшебна Македонија, издание на Трето Уво, во мeсец септември 2011-та, беше номиниран и ја освои престижната награда Golden Interstas.

 |   | 
am
am

amАудио визуелниот проект (40 минутна видео презентација во двд формат) со наслов Amazing Macedonia – Волшебна Македонија, издание на Трето Уво, во мeсец септември 2011-та, беше номиниран и ја освои престижната награда Golden Interstas – Златен Интерстас која ја доделува Европската Федерација на туристички новинари со седиште во Рим, Италија (еднакво на мал Оскар во категоријата на Туристички филмови), а свеченото доделување на наградите ќе се одржи во рамките на 14-от Меѓународen фестивал на туристички филмови во Сплит Хрватска од 12 – 14 Октомври 2011-та. Овој фестивал е под специјално покровителство на хрватскиот претседател Др. Иво Јосиповиќ.

am

Филмот има и номинација за престижната Grand Prix (Гранд При) награда на гореспоменатиот Меѓународниот фестивал на туристички филмови во Сплит. Заради тоа, по покана од Претседателот на Светската Федерација на Туристички филмови, продуцентот на филмот, Иво Јанкоски лично ќе отпатува во Сплит од 12-14 oктомври 2011 година, каде ќе му бидат врачени двете веќе освоени награди.

Доколку филмот освои Гранд при на фестивалот во Сплит, тогаш проектот Amazing Macedonia – Волшебна Македонија ќе се врати со дури три престижни меѓународни признанија, што претставува најголем успех за еден македонски филм во категоријата на туристички филмови до сега.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top