„Волшебната флејта“ вечерва во рамки на „Есенските музички свечености“

Во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“, денеска на сцената на Македонската опера и балет ќе биде  изведена операта на Волфганг Амадеус Моцарт „Волшебната флејта“.

Esenski muzicki svecenosti
Есенски музички свечености

Во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“, денеска на сцената на Македонската опера и балет ќе биде  изведена операта на Волфганг Амадеус Моцарт „Волшебната флејта“.

Авторската екипа е од Австрија. Претставата ја режираше Ангела Цабрса. Сценографијата и костимографијата е на Ана Катарина Штробл, косценограф и светло дизајн е Волфганг фон Џоубек.

Volsebnata flejtaПод диригентската палка на гостинот од Австрија Рикардо Моресо во главните улоги ќе настапат нашите интернационалци Благој Нацоски (Тамино), Ана Дурловска (Кралица на ноќта), Игор Дурловски (Зарастро) и гостинот од Србија Владимир Андриќ (Папагено). Во улогата на Памина ќе настапи Александра Лазаровска.

Во претставата учествуваат солистите, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top