Војници на АРМ како дел од борбена група на Европската унија (ЕУ), ќе учествуваат на воена вежба во Белгија и во Луксембург.
Војници на АРМ како дел од борбена група на Европската унија (ЕУ), ќе учествуваат на воена вежба во Белгија и во Луксембург.
Се работи за 150 војници, кои ќе бидат оценувани како дел од европските сили за брзо распоредување на вежбата „Брз лав 14″.
Оваа вежба ќе се одржи од 26 мај до 13 јуни, а учество ќе земат 2.900 војници од Белгија, Германија, Луксембург, Македонија, Холандија и од Шпанија.
По оценувањето на борбената готовност, групата од јули до крајот на годинава ќе биде подготвена за брзо распоредување во воена мисија на ЕУ или ОН.Македонија по вторпат учествува во борбена група на ЕУ, овојпат со механизирана пешадиска чета, штабни офицери и национален елемент за поддршка, а претходно, во 2012 година земјата учествуваше во борбена група на ЕУ, заедно со Германија, Чешка, Австрија и Хрватска.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град