Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно и без забрани, по наместа влажни коловози.
Поради ниските температури се забележува појава на голомразица на повеќе патни правци во земјава, особено на мостовите, планинските превои и осојничавите места.
На патниот правец Дебар – Струга се препорачува исклучителна внимателност поради честата појава на одрони.
АМСМ на сите возачи им препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
Интензитетот на сообраќај е умерен на патните правци надвор од градските средини.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Потсетување до сите возачи за законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата која трае до 15 март 2012 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град