ВМРО-ДПМНЕ пресече-нема избори

Во моментот не постојат никакви објективни причини и оправданост за прекинување на доверениот четиригодишен мандат од страна на граѓаните за остварување на ветените проекти во програмата.

 |   | 
izbori
избори

vmro-dpmneВо моментот не постојат никакви објективни причини и оправданост за прекинување на доверениот четиригодишен мандат од страна на граѓаните за остварување на ветените проекти во програмата.

Ваква одлука ноќеска донесе Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ по долгата седницата, на која по темелната дискусија и анализа е донесен став да не се распишат предвремени избори.

Иако највисокото партиско раководство оценило дека доколку сега бидат распишани предвремени избори ВМРО-ДПМНЕ би имал двојна предност пред СДСМ, сепак било оценето дека нема причина за распишување на избори.

„За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо само поради едно блефирање и покерашкиот пристап во политиката на Бранко Црвенковски целосно да ја дефокусираме енергијата насочена кон спроведувањето на ветената четиригодишна програма, борбата против криминалот и корупцијата, справувањето со последиците од светската економска криза, напорите за реализација на евроатланските аспирации и напорите за остварувањето на сите останати државни и национални интереси“, стои во партиското соопштение.

Притоа се наведува дека во партијата се свесни СДСМ и Бранко Црвенковски ќе се обидат оваа одлука да ја злоупотребат за сопствено политичко поентирање.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top