Владиката Петар ги тужи австралиските верници

Здружението на македонски заедници од Австралија утре во Скопје ќе одржи конференција за печатот на која ќе информира за најновата тужба која владиката Петар ја поднесе против 891 член на црковната општина Света Петка од Сиднеј, „со цел да ги протера од членство за да ги приграби имотите и парите на општината“.

Vladika Petar
Владика Петар

baranjeЗдружението поднело и барање до Синодот на МПЦ за да конечно се стави крај на тужбите за приграбување на имоти кои станаа главна активност на македонската црква во Австралија од 1996 наваму. Синодот ќе се состане во четврток.
Адвокатот на владиката Петар испратил писмо до 897 членови на МПЦО Света Петка, од кои, според владиката, само шестмина ги исполнуваат критериумите за членство.

Според владиката Петар, судските спорови во Австралиско-новозеландската епархија продолжуваат поради непочитување на судските одлуки на австралискиот суд.

Владиката Петар во интервју за Прес24 признава дека локалниот свештеник е тој кој одлучува кој може, а кој не да биде член на црковната општина, објаснувајќи го тоа како правило на Црквата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top