Владата ќе ја олабави казнената политика

Најдоцна за две недели Владата ќе излезе со првичните предлози за ублажување на казнената политика за да се подобри бизнис-климата во земјата. Ова е заклучокот од вчерашната дебата на која власта ги седна на иста маса инспекторите и бизнисмените и ги соочи нивните аргументите.

 |  Маја Савиќ  | 
kazni
казни

kazniНајдоцна за две недели Владата ќе излезе со првичните предлози за ублажување на казнената политика за да се подобри бизнис-климата во земјата. Ова е заклучокот од вчерашната дебата на која власта ги седна на иста маса инспекторите и бизнисмените и ги соочи нивните аргументите.

Компаниите се пожалија на превисоките казни, од близу 22.000 евра за одредени прекршоци, посочувајќи ги проблемите што ги имаат со финансиските контроли, трудовата и пазарната инспекција, како и со царинската управа.

„Првиот коментар на бизнис-заедницата е дека определени казни се превисоки. Има сугестии дека во законите понекогаш има преголеми барања и недоречености, кои предизвикуваат проблеми во функционирањето на фирмите. Понекогаш постои впечаток дека државата толерира нелојална конкуренција, што секако не е интенција и сакаме да направиме мерки што ќе го отстранат тоа“ – изјави по средбата вицепремиерот Владимир Пешевски.

Бизнис-асоцијациите се пожалија и на селективност и тенденциозност при инспекцискиот надзор, на нивото на едукација на инспекциските служби и на нивниот однос кон работодавците.

Вицепремиерот Пешевски најави поинтензивен дијалог со бизнис-заедницата за барањето за санкциона политика во три чекори, и тоа едукацијата, опомена, па дури потоа санкција.

„Вториот чекор што се бара – опомената, не е предвиден како инструмент во Законот за прекршоци, но во определени закони недостасува и ќе биде вградена. Ќе направиме определени корекции и во делот на санкционата политика“ – истакна Пешевски.

Ангел Димитров од Организацијата на работодавци истакна дека за банални прекршоци добиваат огромни казни.

Асоцијацијата на земјоделците, пак, бара корекции во три групи закони, и тоа законите за ѓубрива, за употреба на семенски материја и за хемиски препарати.

– Не е исто правно лице со имот од сто хектари или со неколку илјади грла добиток да биде казнето со 5.000 евра, а толкава да биде и казната за правно лице со мала големина и двајца или тројца вработени – истакна Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.
{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top