Вакцинација со новите 80.000 вакцини

Вакцинацијата против новиот грип во Македонија треба да продолжи денеска со новите 80.000 вакцини набавени од Холандија.

vakcina
вакцина

Вакцинацијата против новиот грип во Македонија треба да продолжи денеска со новите 80.000 вакцини набавени од Холандија.

vakcinaВакцините од производителот „Глаксо Смит Клајн“, кои според најавите од здравствените власти требаше да пристигнат синоќа, по извршените основни процедури и испитувања ќе бидат дистрибуирани низ цела држава.
Интересот на граѓаните за вакцинирање е голем. Досега против грипот А(Х1Н1) во Макеоднија се вакцинирале околу 14.400 лица, од кои 4.000 во Скопје.
Лекарите предупредуваат дека грипот во Македонија е во подем, бројот на заболени лица е двојно зголемен во декември во однос на ноември. Засега нема одлука од Комисијата за пандемски грип за предвремен распуст на учениците.
Во текот на последната недела до 13 декември, вкупниот број пријавени лица заболени од грип изнесува 8.997. Вкупно во ноември се регистрирани 9.644, а во декември 18.143 заболени.
Вкупниот број заболени од почнувањето на сезоната на грип оваа година, од почетокот на октомври до денеска, изнесува 27.806. Од нив најголем број се регистрирани во Скопје – околу 9.453 лица, Куманово – 3.922, Прилеп – 2.307, Битола – 2.106, Тетово – 1868 лица. Еден заболен има во Берово. До денеска вкупниот број лица кои имаат лабораториска потврда за новата инфлуенца А (Х1Н1) изнесува 1.338 лица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top