За викање на колеги 15 отсто помала плата

Што прават полицајците додека се на работа-втор дел. Нови дисциплински постапки.

 |  Maja Савиќ  | 
policajci
полицајци

policijaПоради консумирање алкохол за време на работа, Д.Л., самостоен инспектор за Недозволена трговија со дрога во Сектор за внатрешни работи-Струмица е прераспореден на два степени пониско работно место од моменталното. За два степена пониско од сегашното работно место е прераспределен и О.Е. главен инспектор за криминалистички работи, оти отишол на пауза без да го извести началникот. Изминатава недела по спроведената диспциплинска постапка во МВР се донесени пет решенија против исто толку вработени. Покрај двајцата на кои им е изречена казна за пониско работно место на тројца вработени им е изречена парична казна. На Љ.С., полициски службеник во полициска станица Виница, му е изречена парична казна во износ од 15 отсто од месечната плата во траење од три месеци, оти не изготвил записник за примање пријава и не прифатил лице да превезе до медицински центар. На полицискиот службеник М.М., инспектор за превенција во Сектор за внатрешни работи Струмица, изречена му е казна во износ од 10% од месечната плата во траење од еден месец бидејќи се однесувал непристојно на состанок со колеги. Казна од 15 отсто помала плата во наредните 4 месеци му е изречена и на С.А., помошник на директорот во БЈБ бидејќи се однесувал непристојно и им викал на полицајците.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top