(ВИДЕО) Екипа на Сител ТВ спречена од полицаец да известува од избирачко место

Екипата на ТВ Сител денес на денот на изборите беше спречена од полициски службеник во вршење на своите професионални задачи за известување од денот на локалните избори.

 |   | 

Екипата на ТВ Сител денес на денот на изборите беше спречена од полициски службеник во вршење на своите професионални задачи за известување од денот на локалните избори.

Имено, екипата од еден новинар и снимател излегла од своето возило и се подготвувале да снимаат прилог од избирачко место во Кратово, а полициски службеник на дрзок начин ги спречил во таа намера.

Инаку, за акредитираните медиумски екипи дозволено е да се снима изборниот процес и не треба никаква најава. Претседателите на Избирачките одбори се должни да им дадат изјава и информации за текот на гласањето.

Видеото погледнете го на следниот линк

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top