Вицепремиерот Боцевски во посета на Португалија и Шпанија

Боцевски денеска заминува за Португалија, каде ќе има средба со португалскиот државен секретар за Европа Тереса Рибеиро.

Ivica Bocevski
Ивица Боцевски

Боцевски денеска заминува за Португалија, каде ќе има средба со португалскиот државен секретар за Европа Тереса Рибеиро.

Ivica BocevskiПрашањето за натамошниот тек на процесот на визна либерализација, како и можноста за започнувањето на преговорите за влез во Европската унија во текот на оваа година ќе бидат главните теми на кои ќе се осврне македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања Ивица Боцевски за време на посетите на Португалија и Шпанија.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања утре ќе отпатува за Мадрид, каде ќе оствари средба со неговиот шпански колега Диего Лопез Гаридо.
Боцевски во Мадрид ќе учествува и на конференцијата, насловена како „Патот од Скопје до Брисел – предизвиците на евроатлантската интеграција на Македонија“, која е во организација на Фондацијата за меѓународни односи и дијалог (ФРИДЕ).

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top