Важно министерот се слика

Засега се издадени само две картички, оние со кои министерот се сликаше на јавното претставување на овој проект. А до 1-ви јуни во сите ординации ќе почнеле да се издаваат такви картички. Веќе видено, веќе слушнато, како што е случај со сите електронски, биометриски и ред други документи, книшки и картички и голготата на македочето по ходници и шалтери за да дојде до нив.

 |  Маја Савиќ  | 
Osmani
Османи

Bujar OsmaniПациентите од одбраните 12 ординации се уште не добиле електронска здравствена картичка затоа што не е инсталирана компјутерската програма, иако пред три дена, по нејзината јавна промоција, министерот Бујар Османи најави дека со тоа веднаш почнува испраќањето на здравствените книшки во историјата. Засега се издадени само две картички, оние со кои министерот се сликаше на јавното претставување на овој проект.
– Бевме на обука и, според најавите, до први јуни во сите ординации треба да почнат да се даваат картички, но засега немаме добиено подетални информации кога ќе се случи тоа – вели сопственикот на една од ординациите вклучени во проектот.
Од ординацијата „Јована – дар“, која, според информациите од Министерството за здравство, е дел од овој проект, ни рекоа дека се откажале. Од „Мултимедика“, пак, велат дека очекуваат следната недела да ја добијат компјутерската програма.
Од Министерството за здравство вчера појаснија дека електронските картички се уште не се делат, иако 10.000, колку што се потребни за пилот-проектот, веќе се изработени.
– Во моментов се тестира компјутерската програма, а дистрибуцијата на картичките ќе треба да почне за петнаесетина дена – објаснуваат од службата за информирање во Министерството.

Оттаму додаваат дека работите одат постепено бидејќи така е подобро за да може да се тестира програмата и да се поправат евентуалните грешки доколку се јават. Овој детаљ не го кажале на прес-конференција пред три дена бидејќи за нив ова било само техничка работа.
Според најавите, за два месеци во овој информатички систем треба да се вклучат уште десет болници и исто толку аптеки. До крајот на следната година во информатичкиот систем треба да се вклучат сите здравствени институции во земјава, а електронските картички, рецепти и упати треба да ги заменат хартиените што се користат сега. Со ова надлежните очекуваат да се олесни движењето на пациентите во системот, како и да се направат заштеди бидејќи нема да се повторуваат медицинските испитувања.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top