Вандализам во струшко

Триесетина крстови вчеравечер биле оштетени во струшкото село Лабуништа, а на удар на вандалите и крадците викендов се нашле и неколку цркви во Тетовско и Кичевско.

crkva
црква

Триесетина крстови вчеравечер биле оштетени во струшкото село Лабуништа, а на удар на вандалите и крадците викендов се нашле и неколку цркви во Тетовско и Кичевско.

labunishtaКако што информираат од охридската полиција, непознати лица ноќеска ги извадиле дрвените крстови од гробните места и ги донеле пред црквата „Св. Никола“. Тоа тоа ги кршеле крстовите извадени од православните гробишта во струшко Лабуништа.
Полициски службеници веднаш излегле на лице место и се трага по сторители на овој вандалски чин. Во почетокот на годинава, црквата во ова село беше исто така цел на насилници. Непознати лица тогаш запалија дел од црквата „Свети Никола“ и опожарија дел од помошните простории. За среќа, огнот беше навреме изгаснат и спречен да се прошири и да го зафати целиот верски објект. Лабуништа е село со мешано население, каде што најголем дел од населението е од муслиманска вероисповед.
Викендов биле ограбени и три цркви во тетовскиот регион. Меѓу 21 и 22 овој месец крадците провалиле насилно низ влезната врата во „Свети Илија“ во Непроштено и оттаму одзеле една косилка за трева, една метална круна за црковни венчавки и ситни пари кои православните верници ги оставале на иконите за здравје. Во „Свети великомаченик Ѓорѓи“ во истото село, исто така, било провалено насилно низ влезната врата и биле украдени 100 денари од иконите. „Во црквата во Једоарце ’Свети Дамјан и Кузман’ арамиите нашле само неколку десетици денари“, соопшти портпаролот на СВР-Тетово, Марјан Јосифовски.
Кражба се случила и во селото Тајмиште, Кичевско, во црквата „Св. Петар и Павле“, при што се одземени пари чиј износ дополнително ќе биде утврден.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top