Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг ја доби Наградата за индивидуален филантроп за 2013-та година во Македонија од Центарот за институционален развој ЦИРа, што синоќа во Скопје ги додели традиционалните награди за филантропија и општествена одговорност, со кои им се оддава признание и благодарност на поединци и претпријатија за добрите дела за општестевото и се слави хуманоста и човекољубието.
Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг ја доби Наградата за индивидуален филантроп за 2013-та година во Македонија од Центарот за институционален развој ЦИРа, што синоќа во Скопје ги додели традиционалните награди за филантропија и општествена одговорност, со кои им се оддава признание и благодарност на поединци и претпријатија за добрите дела за општестевото и се слави хуманоста и човекољубието.
За проф. д-р Ванчо Чифлиганец, наградата за филантроп на годината претставува сатисфакција, вистинска потврда и мотив за неговите долгогодишни ангажирања како поединец и преку градежната компанијата Адора Инженеринг на полето на општествената одговорност, грижата за другите, хуманоста и помагањето на граѓаните и пошироката заедница во Македонија.
„Филантропијата не е нешто што се учи и таа кај мене потекнува од солидарноста и помошта од страна на општеството, што самиот сум ги почувствувал и благодарение на што сум се образувал и развил професионално и како личност во животот. Поради тоа постојано и посветено, со љубов и позитивна енергија сакам да им помагам на другите и во рамките на моите можности да и возвратам на заедницата. Со долгорочните општествено одговорни проекти за вложувањата во сите општини каде Адора Инженеринг гради објекти, оставаме вредни и корисни дела, меѓу кои се православниот храм Свети Јован Крстител во општина Аеродром, Скопје и спомен-обележјето за Богојавление-Водици ,,Фаќач на крст” во Балканскиот Ерусалим-Охрид, што годинава ги подарив на Македонија и на македонскиот народ. Се гордеам и со грижата за вработените, преку поддршка на нивното повисоко образование и организираната исхрана на градежните работници, на доделените студентски стипендии, на хуманитарните акции, на помошта за надминување елементарни непогоди, на поддршката на науката, образованието, културата и спортот, на заштита на животната средина и особено на грижата за купувачите за кои обезбедуваме докажано сигурно, економично и здраво домување. Мојата и наша корпоративна цел е заедно да изградиме поубаво, поздраво и посреќно место за живеење со попроспериотетна иднина за нас и идните генерации”. – изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец кој по добивањето на наградата за индивидуален филантроп за 2013-та во Македонија, најави формирање на своја фондација.
Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и градежната компанија Адора Инженеринг досега имаат добиено 12 национални награди за најдобри општествено одговорни практики и филантропја и три високи европски награди за успешно и квалитетно работење и за социјална одговорност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град