Освен што на почетокот од неделава конечно навлеговме во пролетта сега и со почеток на летното сметање на времето сме на вистинскиот пат кон летото. Долгата и студена зима е зад нас, време е за долги и топли денови.
Утре (недела 27-ми) во 02:00 часот по полноќ започнува летното сметање на времето и часовниците ќе треба да ги поместиме за еден час понапред, односно 02:00 ќе стане 03:00 часот.
Малку историја
Оваа промена на времето од зимско во летно и обратно се прави со цел да се заштеди на електрична енергија и за прв пат е забележано во 1916-та година. Ова најпрвин го направиле земјите од западна Европа, за денес да го практикуваат околу 70 земји во светот.
Оваа година Русија за последен пат ќе ги помести стрелките на своите часовници, рускиот претседател Димитриј Медведев одлучи воведување на вечно летно сметање на времето.
Не заборавајте да го промените часовникот 🙂
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град