Македонското Собрание со 64 гласа „за“ и девет против вчера попладне го изгласа Буџетот за 2009 година.
Македонското Собрание со 64 гласа „за“ и девет против вчера попладне го изгласа Буџетот за 2009 година.
Според Буџетот, на име расходи се планирани 164 милијарди и 215 милиони денари, на приходи 153 милијарди и 215 милиони денари, а буџетскиот дефицит е на ниво од 2,8 отсто во однос на планираниот БДП.
Поголем дел од парите од Буџетот ќе бидат наменети за исплата на субвенции на земјоделците, за капитални расходи, за изградба на повеќе патни правци во државата, за експропријациски активности на коридорите 8 и 10, како и за изградба на магистрални патишта.
Во Буџетот се предвидени пари и за подобрување и доизградба на железничката инфраструктура, за образованието, за водоводи и канализации, како и за доградба на Градскиот стадион во Скопје.
Опозицијата остро се спротивстави на усвојувањето на Буџетот, со обвинувања до власта дека во време на светска економска криза се носи најголемиот Буџет и дека власта голем дел од парите ги троши на рекламирање.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град