Лидерот на СДСМ Зоран Заев соопшти дека нема да учествува на средбата во Виена што ја закажаа европските посредници, еврокомесарот Хан и тројцата европратеници, доколку не бидат исполнети два услова: претседателот Иванов да ги повлече сите одлуки за аболиција и да се свика Собранието за да ја повлече одлуката за одржување избори на 5 јуни, пренесува „Телма“.

Никола Груевски, Ѓорѓе Иванов и Трајко Вељановски и ВМРО-ДПМНЕ во координирана акција го погребаа Договорот од Пржино. Ги срушија сите принципи на кои што почиваше, организирање фер и демократски избори, одговонсот за сторениот криминал и преодна влада. Заради ваквото нивно однесување СДСМ не мпже да се врати на преговарачка маса како нитпо да не се случило.
Состанокот во Виена е планиран за в петок претпладне. Лидерот на СДСМ Заев смета дека има време до тогаш да се исполнат двата услова по што тој би заминал во Виена.
-Aко сакаат, Ѓорге Иванов и Трајко Вељаноски можат за два часа да ги исполнат уште денеска нашите услови за учество на преговорите во Виена.
По оваа одлука на опозициската СДСМ станува неизвесно дали воопшто ќе има состанок во Виена што го иницираа европратениците Вајгл, Ховит и Кукан заедно со еврокомесарот Јоханес Хан. Во Брисел во моментот се одржуваат итни консултации, потврди за Телма Ричард Ховит. Инаку своето учество на средбата во Виена до сега го потврдија ВМРО-ДПМНе и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој синоќа во интервју за ТВ 21 изјави дека не се двоуми околу поканата од еврокомесарот Хан, но треба да учествуваат и другите лидери и не сака да се повтори Брисел кога од лидерска средба се вратија без договор.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град