Упатите за на лекар, заминуваат во историјата

Од средината на месецот април веќе нема да ни бидат потребни хартиени упати за кај специјалист.

Nikola Todorov
Никола Тодоров

Од средината на месецот април веќе нема да ни бидат потребни хартиени упати за кај специјалист.

upatiПрегледите и интервенциите од средината на април ќе се закажуваат преку интегрален компјутерски систем, соопшти министерот за здравство Никола Тодоров.Електронското закажување на прегледи ќе се спроведува од примарното до терцијарното ниво на здравствена заштита.

Доколку пациентот треба да оди кај специјалист, откако веќе ќе отиде кај својот матичен лекар, матичниот ќе го закаже прегледот и ќе пополни електронски упат преку системот, а на пациентот ќе му остане само да отиде кај специјалистот во терминот кој му е закажан.
Воедно, министерот за здравство денеска најави и строги санкции за за оние лекари кои нема да го почитуваат новиот систем.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top