Универзитетот „Свети Климент Охридски“слави 30 години постоење

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со низа свечености и манифестации денеска ќе ја одбележи триесетгодишнината од денот на своето формирање.

FTON
ФТОН

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со низа свечености и манифестации денеска ќе ја одбележи триесетгодишнината од денот на своето формирање.

 

Одлуката за формирање на вториот државен Универзитет во Македонија со седиште во Битола беше донесена на 25 април 1979 година, на основачко собрание, со која доброволно се здружија тогашните високообразоавни и научни институции, Економски факултет од Прилеп, Правен факултет-Битола, Технички факултет-Битола, Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, Виша земјоделска школа-Битола, Педагошка академија-Битола, Институтот за тутун од Прилеп и Хидробиолошкот завод од Охрид, а за прв ректор беше избран д-р Стеван Габер.

Во првата академска година на Универзитетот во Битола беа запишани 1.959 редовни и 1.044 вонредни студенти, за кои беа ангажирани 126 наставници во редовен работен однос, а од нив само 26 доктори на науки и 45 магистри.
Свесни за богатото историско минато, а во кое е вткаено и универзалното значење на Свети Климент, неговата просветителска мисија, која ги надмина овие простори, вториот македонски универзитет на 8 декември 1994 година беше преименуван во Универзитет „Свети Климент Охридски“, а оттогаш овој ден се одбележува како патронен празник на битолскиот универзитет.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, денес е најзначајна установа од областа на високото образование во Регионот на Југозападна Македонија, со повеќе од 40 студиски програми за додипломски и 30 за последипломски студии, распределени во 10-те високообразоавни единици. Седиштетот на Универзитетот е во Битола, а високообразоавните и научно-истражувачки единици во неговиот состав и дисперзираните студии се сместени во повеќе центри: Битола, Прилеп, Охрид, Скопје, Велес и Кичево.

По повод јубилејот три децении постоење, денеска ректорот д-р Златко Жоглев ќе одржи прес – конференција, а во 11 часот во амфитеатарот на Педагошкиот факултет ќе се одржи Свечена академија. Пригодно за јубилејот, ќе биде промовиран посебен плакат на универзитетот, додека пак во изложбениот салон „Магаза“ ќе биде презентирана несекојдневна ликовна изложба од збирката на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top