Делегација на Министерството за одбрана на Република Унгарија предводена од министерот за одбрана Имре Секереш од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија.
Делегација на Министерството за одбрана на Република Унгарија предводена од министерот за одбрана Имре Секереш од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија.
За време на посетата министерот Секереш ќе оствари средба со министерот за одбрана Зоран Коњановски на која ќе се разговора за билатералната соработка во областа на одбраната меѓу двете земји, безбедносната ситуација во регионот, НАТО интеграцијата на Македонија, како и за одбранбените и воените реформи.
Двајцата министри ќе потпишат и Спогодба за воена соработка.
Унгарскиот министер за одбрана ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски, како и со претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Влатко Ѓорчев.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град