Уличен танц, музицирање на отворено и пантомима се дел од содржините во кои ќе може да уживаат скопјани почнувајќи од викендов.
Уличен танц, музицирање на отворено и пантомима се дел од содржините во кои ќе може да уживаат скопјани почнувајќи од викендов.
Пилот проектот „Улични музичари и танчери – забавувачи“ ќе се случува пред влезот во Градскиот трговски центар, на плоштадот „Македонија“ кај „Дал Метфу“, на улицата Македонија кај спомен-куќата на Мајка Тереза и кај џамијата во Старата скопска чаршија.
На овие локации пред скопјани ќе настапуваат музичари и музички групи, актери, уметници, жонглери и пантомимичари. Во деновите од викендот уметниците на отворено ќе настапуваат во два термини и тоа од 11 до 14 часот и од 18 до 21.30 часот
Претставите на отворено се дел од пилот проектот со наслов „Улични музичари и танчери – забавувачи“, кој ова лето ќе го спроведува Градот Скопје.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град