УИНТ „Св.Апостол Павле“ и американскиот универзитет „Корнел“ во борба против ракот

Универзитетот за информатички науки и технологии Свети Апостол Павле од Охрид активно се вклучи во борбата против ракот од кој годишно умираа над 9 милиони луѓе, под раководство на д-р Александре Матов од Универзитетската болница при Универзитетот Корнел од Њујорк.

sorabotka
соработка

Универзитетот за информатички науки и технологии Свети Апостол Павле од Охрид активно се вклучи во борбата против ракот од кој годишно умираа над 9 милиони луѓе, под раководство на д-р Александре Матов од Универзитетската болница при Универзитетот Корнел од Њујорк.

Универзитетот за информатички науки и технологии Свети Апостол Павле од Охрид активно се вклучи во борбата против ракот од кој годишно умираа над 9 милиони луѓе, под раководство на д-р Александре Матов од Универзитетската болница при Универзитетот Корнел од Њујорк, младите истражувачи д-р Драги Кимовски и м-р Атанас Христов, ги вложија своите знаења од областа на компјутерските науки со цел развивање нови компјутерски алгоритми за рана детекција и лекување на канцерогени заболувања

УИНТСоработката меѓу двата универзитети опфаќа два проекти кои целат кон развивање ефективни алгоритми за детекција на клетки на малигни тумори во крвта, како и создавање компјутеризирана персонална хемотерапија. Соработката беше иницирана од страна на ректорот Нинослав Марина со Лабораторијата на проф. Параскеви Јанакоку од „Веил Корнел медицинскиот центар”.

Резултат од досегашното истражување со развивање компјутерска програма која со висока точност детектира малигни клетки во крвта на пациентите. Истражувачкиот проект цели и кон создавање персонализирана терапија за пациенти кај коишто е диагностициран рак на простатата и градите. Како дел од ова истражување беше оптимизиран алгоритам за следење на активноста на малигните клетки во зависност од лековите кои се употребуваат, при што главната цел е да се создаде ефективна хемотерапија која може да спаси стотици илјади животи.

По покана на одделот за онкологија, истражувачите д-р Кимовски и м-р Христов ќе гостуваат во Универзитетската болница при Универзитетот Корнел во период од три месеца. Главната цел на посетата е обука на младите кадри од Универзитетот од Охрид, но и пренесување на локалните искуства во областа на суперкомпјутерите за создавање на систем кој дополнително ќе ја олесни работата на истражувачите во областа на медицината.

„Поканата за научно истражување од универзитетот Корнел преставува голема чест, како и за мене, така и за УИНТ. Универзитетот Корнел е еден од најреномираните во светот, поточно се наоѓа на високото осмо место според Шангајската листа. Се надевам дека научната соработка помеѓу двата универзитети во иднина ќе прерасне на уште повисоко ниво. Воедно сакам да искажам голема благодарност до ректорот Марина, кој ја овозможи оваа соработка и ни даде безрезервна подршка во реализацијата на проектот”, рече д-р Кимовски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top