УХМР: Претстојната зима со вообичаени температури

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека престојната зима во Македонија ќе биде вообичаена со просечни температури за овој период од годината.

 |  Маја Савиќ  | 
zima
зима

Анализите на Виртуелниот центар за климатски промени на Југоисточна Европа покажале дека кон крајот на есента и зимскиот дел од годината температурата ќе биде во границите на просечните вредности.

zimaВо ноември во најголем дел од територијата на Република Македонија се очекува да биде во границите на просечните вредности, односно меѓу шест и осум Целзиусови степени, додека во планинските делови од два до четири. Врнежите ќе бидат поголеми од просечните за 25 до 50 отсто. Во централните подрачја, како и во Скопската котлина, врнежите ќе бидат поголеми од 50 до 75 отсто од просечните вредности.

Температурата на воздухот во декември во најголем дел од државата ќе биде во границите меѓу два и четири степени, додека во планинските области од нула до два. Врнежите ќе бидат помали од просечните за 25 до 50 отсто, додека во планинските делови пониски за 25 отсто.

Средните температури на воздухот во централна Македонија во јануари ќе бидат пониски за два до четири степени. Температурата на воздухот се очекува да биде во границите меѓу минус два и нулата, а во планинските делови пониска. Во текот на месецот врнежите ќе бидат помали од просечните за 25 до 50 отсто, а на планините пониски за 25 проценти.

Во февруари средните температури на воздухот во централните делови ќе бидат повисоки за еден до три Целзиусови степени, додека во планинските делови меѓу нула и два. Ќе има помалку врнежи од просечните за 25 проценти, а во планинските делови ќе бидат повисоки за 25 отсто.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top