Угоистителите против целосната забрана за пушење

Угостителите од Македонија во понеделник во Скопје ќе го изразат своето незадоволство од целосната забрана за пушење, која стапува во сила од почетокот на 2010 година.

logo
лого

Угостителите од Македонија во понеделник во Скопје ќе го изразат своето незадоволство од целосната забрана за пушење, која стапува во сила од почетокот на 2010 година.

logo„Во 5 минути до 12 Европски закон за угостителите или во 12 и пет минути почеток на банкротот на угостителството“, е апелот, што ќе го упатат угостителите до надлежните министерства, на конференција за новинари во Скопје.

Угостителите од Скопје, Охрид, Куманово, Струмица, Битола, Гостивар, Тетово, Струга, Штип и Велес, најавија дека ќе ги презентираат актуелните состојби со регулативата за Заштита од пушење, во делот, што се однесува на нивниот сектор.

Според законот од идната година пушачите нема да можат да пушат во кафеани, кафе-барови, дискотеки, пабови, на стадиони, а во лето и во бавчите. Пушењето е дозволено единствено дома и на отворено, доколку на тој простор не се одржува некоја манифестација. За непочитување на забраната за пушење за правните лица се предвидени

Инспекторите се веќе на терен и ги предупредуваат угостителските објекти дека законот ќе биде стриктно применуван веќе во првите минути од 2010 година .

„Државните пазарни инспектори во време на празници имаат одредено дежурства иако во намален број, така што не е исклучена можноста дека и од 1 јануари веднаш ќе бидат на терен“ изјави деновиве директорот на Државниот пазарен инспекторат,  Сашо Јакимовски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top