Убиство во Кавадарци

Маж на возраст од 59 години бил убиен синоќа во групна тепачка што се случила половина час пред полноќ во Брушанско маало во Кавадарци.

 |   | 
полициска лента

Маж на возраст од 59 години бил убиен синоќа во групна тепачка што се случила половина час пред полноќ во Брушанско маало во Кавадарци. Според официјалните информации од МВР, 45-годишниот Х.С. исто така од Кавадарци во физичка пресмета помеѓу повеќе лица, во којашто биле употребени остри и тврди предмети му нанел убодна рана на 59-годишниот З.П. кој подоцна починал во болницата во Кавадарци.

Неколку часа по убиството, околу 4.30 часот, полицијата го привела осомничениот. Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37), А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top