Убаво мијте ги зеленчукот и овошјето

Од Дирекцијата за безбедност на храна смируваат дека зеленчукот кој се продава во земјава е безбеден.

 |   | 
mienje zelencuk
миење зеленчук

mienje zelencukОд Нова година до сега во Македонија нема влезено ниту една пратка краставици или друг свеж зеленчук од Шпанија, тврди директорот на Дирекцијата за безбедност на храна Дејан Рунтевски. Инспекторите од Дирекцијата вчера извршиле контрола на сите гранични премини и терминали, дали во земјава влегле камиони со зеленчук од Шпанија.
“Зеленчукот кој се продава во земјава е безбеден. Поради масовното ширење на бактеријата предизвикана од шпанските краставици низ европските земји, ние ќе воведеме посебни мерки за проверка на секоја пратка со свеж зеленчук во земјава”, вели Рунтевски.

Единствената заштита од опасната бактерија ешерихија коли е зеленчукот кој е под сомнение дека може да е заразен да се мие.

mienje zelencukНајважно е краставиците, зелената салата, доматите, јагодите и останатото да се остават во вода да стојат извесно време. Ако зеленчукот е добро измиен, опасност нема. За да бидете сигурни дека бактеријата е отстранета, продуктите поминете ги со млака вода. Но колку што е можно подолго треба да се остави тој да покисне. За да бидете сигурни дека зеленчукот или овошјето (посебно јагодите) се добро измиени, оставете ги во вода најмалку 15 минути. Идеално би било да ги исплакнете со жешка вода, што е многу важно за зелената салата. Оттаму лекарите предупредуваат овој вид зеленчук да се избегнува да се јаде во кафеани и ресторани, поради ризикот да биде лошо измиен.

Луѓето што пазаруваат да не пробуваат немиени продукти, како што е најчест случај со јагодите.

Од Комисијата за заразни болести укажуваат граѓаните да ги почитуваат мерките за општа хигиена: редовно миење раце, миење на овошјето и зеленчукот пред употреба, јадење на добро термички обработена храна, посебно производи од месо и млечни производи и да се пие безбедна вода.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top