Полицијата го уапси 40-ет годишниот Тони Станоев осомничен за убиство на три лица во Кавадарци.
Полицијата го уапси Тони Станоев кој во неделата ги уби таткото, мајката и сестрата на сопствената сопруга. Ова штотуку го потврди министерката за внатрешни работи Гордана Јанклувоска. Тој бил фатен кај гробиштата во Кавадарци, а со него го носел и пиштолот со кој ги извршил убиствата. Според информации на Алфа, тој почнал да бега а полицијата истрелала неколку куршуми во знак на предупредување. При апсењето Станоев се наоѓал во состојба на бунило и само запрашал „дали се живи“ мислејќи на своите жртви.
Инаку Станоев по десет години брак се развел од сопругата со која имаат две ќерки на седум и деветгодишна возраст. Тој го извршил убиството ладнокрвно, мирно си излегол од куќата и побегнал.
Станоев е бранител од воениот конфликт во 2001 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град